Шпански суд го суспендираше карантинот во Леида

Шпански суд ја суспендираше во понеделникот мерката карантин која во неделата беше прогласена околу градот Леида, поради остриот ској на бројот заразени од коронавирусот.

Судот во Леида одлил да не ги потврди мерките од 12-ти јули кои ги донесе регионалната влада, „бидејќи се спротивни на правото“, напиша на својот профил на Twitter Вишиот суд на правдата на Каталонија. На оваа одлука, право на жалба имаат регионалните власти.

„Го проучуваме начинот на кој тоа ќе го решиме од правен аспект“, изјави за каталонското радио регионалната функционерка задолжена за здравство, Алба Вергес.

„Тоа се неопходни мерки… Не би ги носеле дококолкута тоа апсолитно не беше неопходно“, додаде Вергес повикувајќи го населението од зоната во којашто живеат 200.000 луѓе да остане во домовите, и покрај судското суспендирање на мерката.

Поради скокот на новиет случаи на Covid-19, регионалната каталонска влада одлучи во неделата од полноќ жителите на Леида и на седум општини во околината задолжително да бидат во карантин, односно дека не смеат да излегуваат од домовите.

Ова е првпат да биде донесена ваква мерка, откако Шпанија излезе од карантинот. Инаку споменатата зона веќе со претходно одлука е изолирана од остатокот на Каталонија, бидејќи во неа е забранет влезот и излезот од неа.