Шпански суд не дозволува екстрадирање на поранешен венецуелски генерал

14

Висок суд во Шпанија донесе одлука дека власта треба го одбие барањето на САД за екстрадирање на поранешен шеф на венецуелската воена разузнавачка служба.

Шпанската полиција во април на барање на официјален Вашингтон го уапси поранешниот генерал Уго Карвајал врз основа на докази дека тргувал со дрога.

Се претпоставува дека тој би можел да сподели инкриминирачки информации за актуелниот венецуелски лидер Николас Мадуро.

Карвајал, кој е сојузник на починатиот претседател на Венецуела Уго Чавез, е против Мадуро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.