Шпански војник умрел од тромбоза по вакцинирање со „AstraZeneca“

Припадник на шпанската војска починал од тромбоза откако бил вакциниран против коронавирусот со вакцината на англо-шведската компанија „AstraZeneca“, потврди во понеделникот министерката за одбрана Маргарите Роблес.

„Во медицинските извештаи кои ни се дадени, како што изгледа, тоа е последица од употребата на вакцината“, изјавила министерката Роблес.

Таа во понеделникот го посети 66-от пешадиски полк „Америка“, во кој служел Франсиско Перез, кој починал од тромбоза кусо време откако бил вакциниран. Роблес притоа се сретна со семејството и колегите на починатиот војник.

„Тоа беше многу тешка вест. Но истовремено е важно луѓето да се вакцинираат. Точно е дека се случуваат слични ситуации, но ситуацијата (со епидемијата на коронавирусот) е многу тешка, и вакцината е гаранција…. Од медицинска гледна точка, потребно е да се продолжи со вакцинацијата, потребно е сите да бидат вакцинирани“, додаде челничката на шпанското министерство за одбрана.

Претходно шпанските медиуми известија дека десетарот на копнените сили, 35-годишниот Франсиско Перез Бенитес умрел на 24-ти април во Универзитетската болница во Навара од компликации појавени по вакцинацијата, а како прочина е наведено излевање на крвта во мозокот. Првата доза од вакцината ја примил на 7-ми април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.