Шпанскиот БДП покажа рекорден квартален пад од 1970-та

Бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија забележа пад за 5,2 отсто во првото тримесечје од годинава, како резултат од влијанието на последиците од епидемијата на коронавирусот, објави на својата веб-страница во четвртокот шпанскиот Национален институт за статистика.

Во извештајот се истакнува дека „во првиот квартал од 2020 година забелажани се квартлани колебања од 5,2 отсто… Овој показател е за 5,6-процентни поени пониско од четвртиот (лански) квартал“.

Според прецизирањето на агенцијата Europa Press, станува збор за најсилниот квартален пад од 1970 година. Претходно најголемото намалување шпанскиот БДП го имал во првиот квартал од 2009 година, кога изнесувал минус 2,6 отсто.

Претхопдно централната банка на Шпанија прогнозираше дена националниот БДП годинава може да се намали меѓу 6,6 и 13,6 отсто поради последиците од ширењето на коронавирусот.

Шпанија е една од најпогодените земји во светот во пандемијата на Covid-19. Од почетокот на епидемијата во земјата потврдени се речиси 213.000 случаи на зараза со коронавирусот, од чиишто последици починале 24.275 луѓе, а оздравеле речиси 109.000 луѓе. Како мерки за спречување на ширењето на заразата, од средината на март властите воведоа строги мерки за ограничување на движењето што донесе и до неактивност во економијата, затворања на претпријатија и губење на работните места.