Шпанскиот град Фуентес де Андалузија се преименува во Украина

Шпанскиот град Фуентес де Андалузија во провинцијата Севиља, ќе го носи името Украина за време на велигденските празници. Тоа е на барање на локалните власти со цел да се изрази солидарност со таа земја, пренесува Укринформ.
Сегашната иницијатива беше спроведена на барање на локалното население, кое реши да изрази солидарност со украинскиот народ во екот на руската вооружена агресија.
Некои улици во Фуентес де Андалузија ќе ги носат и имињата на украинските градови за време на празниците, имено Киев, Мариупол, Харков, Керсон и Одеса.
Освен тоа, општинските власти започнаа програма за хуманитарна помош за Украина и се подготвени да примат 25 украински граѓани кои бегаат од војната и бараат азил во Шпанија.