Шпанскиот Уставен суд ја поништи декларацијата во самопределување на Каталонија

Шпанскиот Уставен суд во вторникот ја поништи декларацијата за самоопределување на Каталонија, и му порача на претседателот на каталонскиот парламент Рожер Торент и неговите соработниците дека би можеле кривично да одговараат бидејќи претходно во вторникот дозволиле нејзиното изгласување.

Уставниот суд едногласно ја поништи изгласаната декларација, и ги повика членовите на каталонскиот регионален парламент оваа одлука да не се обидуваат да ја игнорираат.

„Советувајте ги согласно својата обврска да забранат или запрат секоја иницијатива којашто би можела да претставува игнорирање на ова поништување, бидејќи потенцијално би можело и кривично да одговара“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.

Шпанската влада во пресрет на гласањето во каталонскиот парламент вложи жалба на Уставниот суд тврдејќи дека усвојувањето на декларацијата за самоопределување би било спротивно на шпанскиот устав. Уставниот суд подоцна во вторникот ја прифати оваа жалба.

Во каталонскиот регионален парламент во Барселона изгласана во вторникот на утрото резолуција со којашто на каталонската влада ѝ е дадено одобрување за продолжување на процесот на отцепување на Каталонија од Шпанија. На предлог на антикапиталистичката партија Кандидатура на нардоно единство (CUP), која бара моментално воспоставување на Република Каталонија, претседателот на каталонскиот парламент Рожер Торент, и самиот поборник на независноста, го одобри гласањето. Во текстот се споменува „конкретно извршување на правото на самоопределување“.

За резолуцијата гласаа членовиет на коалициската влада на Каталонската републиканска левициа (ERC) и Заедно за Каталонија (JxCat), како и CUP, со кој имаат 72 од 135 места во регионалниот парламент. Против беа партиите кои ја поддржуваат целоста на Шпанија и одбија да гласаат.

Резолуцијата не е обврзувачки документ, но та ае симболичен столб за каталонската влада во тврдењата дека го има мандатот од народот за продолжување на патот кон независност. Претседателот на каталонската влада Квим Тора во октомври изјави дека има намера да организира нов референдум за независност до крајот на својот мандат кој истекува во декември 2021 година, но не прецизираше кога и како.