Шпанскиот Врховен суд одби да го ослободи европратеникот Жункерас

Врховниот суд во Мадрид одби во четвртокот да го пушти на слобода Ориол Жункерас, осуден на 13 години затвор за организирање на забранетиот референдум за назависност на Каталонија од 1-ви октомври 2017 година, без оглед на фактот што тој на изборите во мај минатата година го доби статусот пратеник во Европскиот парламент.

Жункерас, поранешен потпретседател на покраинската каталонска влада, се наоѓаше во притвор во мај 2019 година кога беше на листата на партијата Каталонска републиканска левица (ERC) од која беше избран во Европскиот парламент. Поради тоа не можеше да учествува на констутивната седница на ЕП и да ја преземе должноста. Потоа во октомври беше осуден на 13 години затвор поради учество во организирањето на референдумот за независност на Каталонија кој го забрани шпанскиот Уставен суд.

Судот на Европската унија во Луксембург пресуди на 19-ти декември дека Жункерас имал право на имунитет како европратеник во моментот кога бил избран во Европскиот парламент. Оттаму, во мај шпанското правосудство морало да му овозможи да дојде во Европскиот парламент и да го преземе пратеничкиот мандат. А потоа шпанскиот суд требало да бара од Европскиот парламент да го поништи имунитетот на европратеникот.

По оваа пресуда на судот во Луксембург, адвокатите на Жункерас побараа негово ослободување за да се појави во парламентот на ЕУ. Шпанското државно обвинителство тврди дека таа пресуда се однесува на перидот од мај, кога бил обвинет и притворен, но не и на перидот од октомври кога е осуден.

Централното изборно собрание, административното тело задолжено за изборите во Шпанија, минатата седмица одби да му даде дозвола на Жунекра да замине во Брисел и да го преземе мандатот. Неговата одбрана со жалба се обрати до Врховниот суд, но тој во червртокот потврди дека Жункерас мора да остане во затвор, и оти поради пресудата во Шпанија не може да ја извршува пратеничката должност во Европскиот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.