Шпанско полуфинале во Лига Европа

Во Нион се одржа и ждрепката за полуфиналната рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Во првиот полуфинален дуел ќе бидеме сведоци на шпанска пресметка, дуел помеѓу големите ривали од Примера дивизион, Севилја и Валенсија, а актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, преку португалскиот гигант Бенфика, ќе се обиде да стигне до финалето, кое оваа година ќе се игра токму во Торино.

„Бенфика е тежок противник, но немаше лесни меѓу четирите најдобри. Наша цел е да ја освоиме Лигата на Европа, па затоа повеќе или помалку сеедно ни беше кого ќе го имаме за противник во полуфиналето“, изјави по ждрепката спортскиот диерктор на Јувентус, Павел Недвед.

Првите натпревари се играат на 24 април, а реванш дуелите се закажани за 1 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.