Шпанско село гласало на изборите за половина минута

На жителите на шпанско село им биле потребни помалку од 30 секунди да ја извршат гласачката должност на неделните локални избори и да ги затворат избирачките места, објави BBC.

Седумте регистрирани гласачи во Виљароја, мало село во покраината Ла Риоха, со тоа го соборија својот претходен рекорд од 32 секунди.

Селскиот началник Салвадор Перез на таа должност е од 1973 година.

„Не знам дали ќе ги добијам сите седум гласови, но доста сум сигурен во тоа“, рекол Перез за шпанските медиуми пред гласањето.

Рече дека жителите на Виљароја се „многу добро обучени“ и дека биле подготвени за гласањето штом биле отворени гласачките места.

Само 29 секунди и 52 стотинки подоцна, Виљароја стана првото место во Шпанија во кое беше во неделата затворено избирачкото место.

Перез призна дека неговите сожители веројатно биле мотивирани од чувството на конкуренција со друго шпанско село – Иљан де Вакас во Кастиља Ла Манча, коешто има само три регистрирани гласачи.

По локалните и регионални избори во Шпанија, на кои победи опозициската конзервативна Народна партија, социјалистичкиот премиер Педро Санчез изјави дека за јули ќе ги распише предвремените парламентарни избори.