„Шпигел“: Бундеслигата продолжува на 9-ти мај

Германската Бундеслига би можела да продолжи на 9 мај без публиката, пренесува германски „Шпигел“.

Се посочува дека натпреварите ќе се играат без присуство на гледачи, при што на стадионот се потребни максимум 300 луѓе за да организираат еден натпревар.

„Шпигел“ тврди дека имал пристап до документ од 41 страници составен од Германската фудбалска федерација во соработка со здравствените власти на таа земја, за кои тие наведуваат содржани правила што мора да дозволат германскиот фудбал да се врати од 9 мај.

Тој додаде дека во протоколот се опишани планираните мерки за организирање натпревари и покрај пандемијата на коронавирусот, каде веќе нема да има заедничко влегување на теренот, нема да има деца кои ги придружуваат фудбалерите на теренот, ниту пак клупски маскости.

Ќе бидат укинати ракувањата и групните фотографии, а медиумското покривање на натпреварот, исто така, ќе биде строго контролирано, со ограничен број на места за новинари.

Се напоменува дека хотелите во кои ќе престојуваат клубовите ќе имаат строги здравствени правила.

До крајот на сезоната во Бундеслигата остануваат уште девет кола, а Баерн е предводник со 55 бода, а потоа следуваат Дортмунд (51) и Лајпциг (50).