Шпионажата не е приватна работа за валкање на државата

Според она што беше објавено во емисијата „Код“ на ТВ Телма дека лица со двојни идентите од Управа за безбедност и контраразузнавање, сега преименувана во Агенција за национална безбедност, работеле надвор од границите на нашата земја и за друга пријателска служба е прашање за кое не треба само да одлучува Внатрешаната контрола на МВР, туку државниот врв да се замисли што значат ваквите активности во земјите на ЕУ.

„Нивна задача била да работат со лажниот идентитет надвор од границите на службата и државата- во други земји, а дел од тие земји се и членки на Еверопската Унија или НАТО.  Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица. Во извештајот, според извор на Код, стои и дека се користени возила со уреди за следење. Биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат. Но сето ова тајните агнети не го вршеле за македонската тајна служба-матичната УБК. Туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка“, се наведува од страна на авторите на Код.

Која е задачата на тајната служба? УБК открива и попречува дејности насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот и загрозување на безбедноста на земјата. А тоа значи дека врши опареции, мисии, акции внатре во државата. Така што во нејзина надлежност не се други земји, ниту, пак, нејзините агенти смеат да вршат операции надвор од границите на Македонија.

Кој и зошто го правел ова, останува неразјаснето. Сепак, едно е сигурно, дека сите странски амбасади го имаат нотирано ова и ќе го користат како дополнителен отежнувачки момент за нашето евроинтегрирање, а можби и да изречат и одредени забрани. Собраниската комисија за надзор на работата на УБК/АНБ и Агенцијата за разузнавање, речиси  и нема никакви шанси нешто да покрене до 3 јануари кога треба да се распушти овој праламентарен состав. Искуството кажува дека оваа комисија дека не можеше да допре подлабоко, дури во минатото беше и оневозможувана да стапне во нивните простории.

Иритирачки е што сето ова произлегува од документите пронајдени кај пратеничката и порановработена во МВР Фросина Ременски, затоа што цело време се молчеше за ова додека не пукна аферата „Рекет“ и по претесот кај неа беа пронајдени тајните документи. Како што констатираат авторите, според извештајот пронајден во досието кај Ременски Законот е прекршен, односно тројца вработени во Управата со месеци не доаѓале на работа. Но тоа не се случувало само една година, туку неколку години отсуствата траеле подолго. Откако нивното зачестено отсуство е пријавено до Внатрешната контрола, е направена контрола каде се двајцата вработени и какви задачи извршуваат. Тогаш дошле до неверојатни сознанија дека тројцата припадници на УБК имале еден идентитет за во Македонија но друг за надвор од неа. Добиле пасоши со имиња и презимиња од Македонија, но дали ликовите се измислени или вистински постојат треба да покаже истрагата.

Како и да е, многу работи се изместени, мора да се размислува за државнички однос а не за индивидуален, замислен како лична добивка или партиска за пресметка со протривниците.

„Шпионажа“, ќе изјави Ременски и ќе рече дека се работи за организран криминал. Поседувањето на документите не било незаконско, вели Ременски, затоа што тие биле предмет на надзор и не можеле да бидат класифицирани. Од Обвинителството за организиран криминал се уште ништо нема по основ на овие документи, а кога ќе има не се знае.

Уште еднаш ќе посочиме дека државните интереси се над личните и во никој случај не смеат да се злоуптребуваат, оти штетата на државата ќе биде многу поголема од личната. Од друга страна, и самата политика и службите треба знаат дека има граници до каде може да се оди во акција со пријателските служби, затоа што силата не ни е иста. Во вакви случаи обично страда помалиот, послабиот, а тоа сме ние.

Колку за потсетување, таков беше случајот Ел Масри, а Македонија беше ставена на столбот на срамот пред целиот свет и плаќаше пенали. Но, ова е многу  поголема работа и многу почувствителна за нашата држава.