Штајнмајер: Воведуваме мерки кои не се видени во Германија

Пртеседателот на Германија најавил драстичнимерки од среда.

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмајер предупредил дека ситуацијата во врска со пандимија на коронавирус исклучиво е тешка и  дека ситуацијата во земјата е на ивица да излезе од контрола и најавил воведување драстични мерки од среда.

– Вирусот и понатаму е приситен. Затоа од среда ќе воведеме рестриктивни мерки кои не се видени во историјата на нашата федерална држава. Ситуацијата е многу сериозна. Соочени сме со пандемија која излегува од контрола која неделно носи илјади луѓе. Затоа нема начин да одбегнеме воведување драстични мерки – рекол Штајнмајер во видео порака со која се обратил на германскиот народ – пренесува АП.

Штајнмајер апелирал на своите сограѓани, да вложат напори и со тоа помогнат спроведување на рестриктивните мерки.

– Пандемијата трае скоро една година, а сега е најважно да го зачуваме здравјето и животите на луѓето. Во изминатите месеци поминавме долг пат, да продолжиме до крај заедно да се грижиме еден за друг. Верувам дека пандемијата неможе да ни ја одземе иднината. Ќе ја надминеме оваа – порачал Штајнмајер и апелирал на граѓаните да одбегнуваат панично божиќно купување во последен момент.