Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска му оддаде почит на починатиот руски добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен советски претседател Михаил Горбачов, нарекувајќи го „голем државник“.
– Германија останува должна кон него, од благодарност за неговиот одлучувачки придонес за германското обединување, од почит за неговата храброст во прифаќањето на отворената демократија и градењето мостови меѓу истокот и западот, како и во сеќавање на неговата голема визија за заедничка и мирна Европа, рече Штајнмаер.
Штајнмаер додаде дека „денес овој сон лежи во урнатини, уништен од бруталната руска инвазија врз Украина“, пренесе ДПА.
– Горбачов страдаше во последните години од зголеменото отуѓување меѓу Русија и Западот, рече Штајнмаер.
Горбачов почина вчера на 92-годишна возраст.