Штабот на Трамп поднесе тужба пред сојузниот суд во Пенсилванија

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот поднесе тужба на федералниот суд во сојузната држава Пенсилванија, со што во оваа дражава изборната комисија ќе биде попречена да ја потврди изборната победа на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден на изборите 3-ти ноември.

Во тужбата се наведува дека во пенсилванискиот систем за гласање по пошта „не постои транспарентност и можност за проверка, каква што постои за гласачите кои гласаат на избирачките места“.

„За гласачите во Пенсилванија постоеле различни стандарди, зависно од тоа кој начин за гласање го избрале, а ние веруваме дека во овој двоен изборен систем би можело да има лажни гласови кои биле броени без вистинска проверка или надзор“, соопшти Мет Морган, главниот правен советник на кампањата на Трамп.

Тужбата е подигната против државната секретарка на Пенсилванија, Кети Буквар, чијашто канцеларија не одговорила на барање на Reuters за коментар.

Штабот на Трамп и на републиканците подигнаа бројни тужби поради сомневања во неправилности на гласањето од 3-ти ноември, главно во врска со гласањето на претседателските избори и главно поврзани со гласањето по пошта, на кое се противеа и многу пред изборите. Републиканците, исто така, обвинуваат дека на нивните набљудувачи не им бил овозможен пристапот на местата каде што се броени гласовите, како и дека многу гласови по пошта се броени иако стасале по истекот на законскиот рок. Во државите Џорџија и Мичиген, судовите ги отфрлија ваквите тужби.