Штајнмаер: Ги поддржуваме реализираните реформи од Грција за излез од кризата

44

Германија ќе продолжи да ги поддржува напорите на Грција за реализација на нејзините реформи, изјавил новиот германски министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер по состанокот во Атина со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Штајнмаер истакна дека е на кратка посета во Атина, за да ја истакне поддршката на Берлин за грчкото претседавање со ЕУ во првата половина на 2014 година.

„Атина има да изоди уште долг пат за да се надминат економските тешкотии и повторно да застане на нозе. Ние не разговараме трети, четврти или петти спасувачки пакет финансиска помош за Грција“, додал Штајнмаер во одговор на прашање дали има предлог за намалување на грчкиот државен долг.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос истакнал дека Грција реализира програма за консолидација на нејзината економија, договорена со нејзините кредитори во февруари 2012 година.

„Главната цел на оваа програма е да се обезбеди одржливост на грчкиот државен долг“, рече Венизелос .

Грчкиот министер го информирал германскиот колега за проблемот со илегалната имиграција и очекувањето за заеднички европски мерки за помош на земјите, како што се Грција и Бугарија, кои се надворешни граници на ЕУ. Грција го нагласува и проблемот со односот на Анкара кон Кипар.

Штајнмаер разговарал со Венизелос уште за претстојната мировна конференција во Женева за Сирија, како и билатералниот форум меѓу Русија и ЕУ. Атина ги засили и дипломатските односи со земјите од Блискиот Исток.

Посетата на Атина на германскиот министер за надворешни работи е симболична поддршка кон владата на Андонис Самарас. Ден откако Грција официјално го презеде претседателството со Советот на Европската унија, Берлин ја покажува довербата кон Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.