Штајнмаер: На украинските власти треба да им се закани со санкции

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, изјавил дека на украинските власти треба да им се упататат закани со санкции доколку не се пронајде политичко решение за спорот со опозицијата.

Овој коментар на министерот од Социјалдемократската партија е со поинаков тон од ставот на канцеларката Ангела Меркел, која минатата недела изјави дека во овој момент нема договор за санкции.

„Сметам дека треба да им се заканиме со санкции“, рекол Штајнмаер.

Тој додал дека Германија треба да биде подготвена за тие мерки, доколку ситуацијата не се поправи.

Во Украина повеќе од два месеци траат немирите по повод одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не се склучи договор за зајакнување на врските со ЕУ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.