Штедачите обвинуваат дека Еуростандард е заложник на стечајната судијка Петрушевска

72

Здружението „Оштетени штедачи“ денеска испрати посебен допис до медиумите во според нив има нови криминални дејствија во рамки на Еуростандард Банка.

Тие бараат изземање на стечајната судијка Ирена Петрушевска поради сомнение дека нејзиниот сопруг соработувал со стечајниот управник и оттаму е дојдено до низа недоследности.

– Сакаме да информираме за криминалните активности кои се работат во Еуростандард Банка во стечај. Еуростандард банка во стечај, во моментот е заложник на стечајната судијка, Ирена Петрушевска, која преку нејзиниот сопруг Моме Петрушевски е во соработка со стечајниот управник, Душко Тодевски, каде прават огромни штети на сите коминтенти на банката – се вели во дописот.

– Стечајната судијка, Ирена Петрушевска треба да се изземе од дадениот случај бидејќи нејзиниот сопруг е сопственик и управител на неколку фирми и тоа, Ројал Органик, Ројал Органик Југо, Бауер Инвест Груп, Агростромош, ЗИК Скачковце, каде фирмите Ројал Органик Југо и Ројал Органик имаат кредити и депозити во Еуростандард Банка сега во стечај. Според тоа, тука има и судир на интереси. Уште од самиот почеток судијката требало да побара изземање да го води овој предмет, што очигледно не го сторила тоа. Стечајниот управител, Душко Тодевски е веќе запознаен со фирмите на сопругот на судијката, кадешто бил стечаен управник во постапките во една од фирмите на Моме Петрушевски. Моме Петрушевски од Секторот за внатрешни работи Куманово, веќе има добиено и кривична пријава за предизвикување лажен стечај, фалсификување или уништување деловни книги и оштетување или повластување на доверители извадок од билтен на МВР од 06.03.2018. година. Па, според сето ова, сакаме да информираме дека со дејствијата на стечајниот судија и стечајниот управник, координирани од Моме Петрушевски тие може да остварат само сосптвени придобивки, а притоа да наштетат на сите засегнати клиенти на Еуростандард Банка – велат од здружението „Оштетени штедачи“.

Тие своите обвинувања ги поткрепуваат и со документи:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.