Штедењето не запира и во криза – 6,8 милијарди евра на сметки во банка

Над 6,8 милијарди евра чуваат граѓаните и фирмите во банките. Толкави се вкупните депозити во земјава. Не се намалија ниту во криза. Се одбележува светскиот ден на штедењето – во Македонија традиционално се штеди во банка, најмногу поради довербата во банкарскиот сектор. Другите, алтернативни начини на заштеда се помалку застапени.

Народната банка соопшти дека вкупните депозити, во септември, се повисоки за 0,7 проценти, на месечна основа, што во поголем дел е одраз на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, при умерен раст и на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на домаќинствата, во септември, се зголемени за 1 процент на месечно ниво, а на годишно ниво, депозитите на домаќинствата растат за 6,1 проценти. Во банките домаќинствата чуваат 4,5 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.