Штипјанец излета од патот, сопатничката тешко повредена

На регионалниот пат с.Кадрифаково – Штип, кај населба Три чешми, вчера во 19.00, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(47) од Штип, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42) од Штип констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.