Штипјанец по вторпат се заразил со коронавирусот, првиот пат минал лесно но сега е хоспитализиран

Штипјанец по вторпат е заразен со коронавирусот. Првиот пат болеста ја прележал асимптоматски, без поголеми проблеми и во јуни имал два негативни теста.

Меѓутоа, деновиве 46-годишниот маж е повторно заразен, како член на семејство од познатиот ткн „штипски текстилен кластер“.

Информација ја обелодени директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓиев, кој истакна дека пациентот се наоѓа на болничко лекување.

Неговата состојба во овој случај е посериозна и затоа е хоспитализиран на Инфективното одделение во штипската болница.