Штипјани им викаат не за понудените решенија за градоначалник, дупло помала излезност од парламентарните

И покрај сите закани и уцени излезноста е исклучително ниска. Драстично помала излезност на предвремените локални избори во Штип, споредено со излезност на последните предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули оваа година.

Далеку помалку граѓани излегле на овие избори излегле да гласаат согласно пресеците кои ги прави Државната изборна комисија. Согласно податоците на ДИК излезноста на предвремените локални избори во Штип во 9 часот изнесувала 2,94 проценти од вкупниот број запишани избирачи, а за споредба во истиот периот на парламентарните изботи излезноста била 10,06 проценти.

Слична голeма разлика се бележи и за вториот пресек на излезноста во 11 часот.

На локалните избори кои се одржуваат денес во Штип е само 8,52 проценти, а на парламентрарните изботи излезноста изнесувала 22 проценти. Излезноста пак, во 13 часот на денешните предвремени локални избори е 16,61 во споредба со излезноста на парламентрарните изботи од 15 јули која изнесуваше 32,75 проценти. Ова е двојно помала излезност во споредба со парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година.

Предвремените локални избори во Штип поминуваат во услови на епидемија на Ковид-19 вируот и во услови кога поголем дел од опозициските партии не предложија свои кандидати.

Според експертите и според законот успешни ќе бидат локалните избори доколку на нив гласаат повеќе од една третина од запишаните избирачи во првиот круг. Во спротивно изборите се прогласуваат за неуспешни и постапоката се повторува одново.