Штипјанка на сопругот во затвор му пратила хероин

СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против В.К.(46) од Штип, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 30.09.2021 пријавената набавила хероин, го препакувала и заедно со прехранбени продукти го ставила во пакет, кој преку Б.М. од Свети Николе го испратила во Казнено-поправна установа Затвор Штип, каде нејзиниот сопруг издржувал казна затвор.

При преглед од страна на надзорниците во затворот, во пакетот биле пронајдени околу 20 грама хероин, кои биле одземени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.