Штипјанец ја киднапирал поранешната девојка и со денови за малтретирал

силување

Вистински хорор преживеала млада радовишанка која била киднапирана од поранешното момче кое со денови ја шетал низ македонските градови и и’ се заканувал.

Според информациите од полицијата, вчера 21-годишната Н.И. од село Тополница, Радовиш пријавила дека на почеток на месец март била киднапирана од нејзниното поранешно момче, 35-годишниот М.И. од штипското село Калаузлија.

Тој на грабнал на почетокот на март, во временски период кога се одржувал Струмичкиот карневал, ноќта помеѓу два и три часот кога излегла во дворот од семејната куќа во Тополница.  Тој и пришол отпозади, ја фатил за уста, ја качил во комбе, по што изгубила свест, а потоа се разбудила во хотел, во близина на бензиска пумпа во Штип. М.И.  ја повикал неговата мајка А.М., и сите заедно заминале во Скопје, за да и купат облека и била однесена во некој хотел во градот.Следниот ден Н.И. ја однеле во Битола, во село каде останале неколку дена во куќа, потоа се вратиле во Штип, и заминале во село на планината Плачковица, за да повторно се вратат во Штип, на ул.„Карл Маркс“ каде и останале да престојуваат.  За  цело време М.И. и упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.

Вчера  година околу 16 часот таа  била пронајдена од нејзиниот татко А.И. кој заедно со неговите роднини, при обид да ја извадат од куќата каде престојувала истата, дошло до  раскаправија.

М.И. е приведен и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветна пријава.