Штипскиот театар во Кавадарци со „Самоубиство на осаменоста“

Во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, в петок со почеток во 19.30 часот Народниот театар од Штип ќе гостува со претставата „Самоубиство на осаменоста“.

Станува збор за текст на Неда Неждана, кој во штипскиот театар како гостин го режира Александар Мирошниченко од Украина. Гостувањето во Кавадарци на штипските актери е во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“