Што е психолошка возраст и како нѐ определува?

Психолошката возраст се разликува многу од хронолошката. Сакате да ја дознаете вистинската возраст? Возраста ни одредува во многу аспекти од животот. Но што значи хронолошка возраст?

Одговорот е дека сè што хронолошката возраст одредува е колку точно години човек постои на планетата Земја.

За хронолошката возраст нема значење во кое политичко време сме родени, каква ни е социјалната положба, какви ни се одговорностите или имаме ли воопшто такви. Наведените тука работи всушност се обликуваат како се чувствуваме внатрешно- односно нашата психолошка возраст. Таа има суштинско влијание врз целиот наш живот во општеството.

Некои научници сметаат дека нашата вистинска возраст не е бројот на годините кои ги имаме, туку комбинација од тоа каде се наоѓаме истовремено во три димензии. Овие три димензии се нашата биолошка, психолошка и социјална возраст.

Биолошка возраст

Биолошката возраст е возраста на нашето тело. Изборот на начин на живот може да даде добра идеја за тоа колку добро функционира телото. Ако тренираме редовно, здраво се храниме, не пушиме, не пиеме алкохол, не конзумираме брза храна е поверојатно биолошката возраст на нашето тело ќе се доближува до онаа на млад човек.

Психолошка возраст

Психолошката возраст на човек се одредува од тоа како се справува со нови знаења, како ги разбира и колку добро ќе ги запамети. Станува збор за тоа што мислиме и чувствуваме кон другите, но и како се справуваме со сопствените чувства и емоции. Затоа, двата најважни фактори за психолошката возраст се меморијата и емоциите.

Меморијата ни е во постојана употреба. Не само кога се сеќавање на минати настани, но и за сето она што сме го виделе, слушнале, помирисале, гледале, препознале, разбрале, прочитале итн… Меморијата ни е составена од градбени елементи кои ни дозволуваат да постоиме секој ден. Се смета дека емоциите зреат со возраста, бидејќи искуството ни дава примери од кои учиме.

Социјална возраст

Нашиот социјален часовник се занимава со два главни аспекти: семејство и работа. И поконкретно со точното време во кое двете нешта треба да бидат постигнати.

Повеќето култури очекуваат паровите да станат родители на крајот на 20те и почетокот на 30те години и треба да бидат во брак или во сериозни односи. Ова им овозможува, по време да станат баба и дедо во 60те години.

Во работниот однос се очекува од нас да матурираме на крајот на пубертетот, да учиме на универзитет и да земеме диплома пред да започнеме со работа и на 60 години да се пензионираме.

Нашиот личен социјален часовник може да се разликува од нормата. Може да не одиме во универзитет, туку да започнеме работа веднаш по завршувањето на гимназија. Може и да се пензионираме порано, бидејќи професијата ни е со фактор на ризик, како што е оној на пожарникарите.

Се разбира, времињата се менуваат и ние стануваме слободни во размислувањето и делата. Не чувствуваме дека треба да се подведеме во одредена социјална норма. Да ги земеме за пример домаќинките од 1950 година и денешните деловни жени.

Некои од луѓето чувствуваат дека се помлади од нивната хронолошка возраст, а други дека се постари од неа. Нив во секојдневниот живот ги нарекуваме млади по душа и стари по душа.

Млади во душата

На прашањето „На колку години се чувствувате?”, Повеќето луѓе одговараат дека се чувствуваат помлади од хронолошки возраст – помеѓу 20 и 25 години. Некои од нив го припишуваат младешкиот дух на малите деца, а други на фактот дека станале родители во тинејџерска возраст. Интересно е дека исклучоците кои велат дека се чувствуваат стари го тврдат заради биолошката (т.е. возраста на телото), а не поради психолошката возраст.

Стари по душа

Луѓе кои се сметаат за т.н. “стари души” се насочуваат кон дружење со постари луѓе и уживаат во сопствената дружба. Тие обично се исклучително духовни и копнеат за знаење. “Старите души” можат да одлучат тривијални спорови, бидејќи успеваат да ја видат големата слика.

“Старите лица” ретко се материјалисти. За нив имаат значење поважни прашања, како животната средина, светскиот мир, личното просветлување и др.

По сето она што научивте за психолошката возраст на човек се надеваме дека следниот пат кога некој ве праша колку години имате, ќе размислите пред да одговорите со стандардните хронолошки броеви.