Што говори обликот на вашите усни за вас?

43

Психолозите веруваат дека обликот и исполнетоста на усните откриваат многу за нас. Колку пати ви се случило најмногу проблеми да имате со девојките што имаат тенки усни или најдобро да се забавувате со девојките што имаат исполнети усни?

Девојки, доколку сакате да знаете што говори обликот на вашите усни за вас, проследете го овој текст.

Ако не се пронајдете во ниту еден опис на усни, немојте да се грижите, затоа што мошне често се случува кај луѓето да е изразена само едната усна. Ако станува збор за горната усна, тогаш карактерот е обележен со импулсивност, а заводничките мошне често имаат нагласена долна усна.

  1. Тенки усни

Зад овие усни се кријат чувствителни, мирни и сталожени личности. Ним не им е важен квантитетот туку квалитетот, а за разлика од другите луѓе, ќесто забележуваат детали. Поради нивната срамежливост, често се држат настрана. Сепак знаат да бидат доста злобни и расипани.

  1. Широки усни

Се чини дека ширината на ваквите усни укажува на широк круг на пријатели. Ќе ги препознаете по нивната зборливост. Во друштво едноставно неможете, а да не ги забележите. Самостојност, успешност и амбициозност се главни одлики на овие личности.

  1. Полни усни

Освен што овие усни мамат бакнежи, тие се и изразено заводливи. Девојките со исполнети усни знаат да се забавуваат, храбри се и самоуверени.

  1. Усни во облик на срце

Станува збор за усни коишто со нивниот изглед потсетуваат на пупка од рржа, а девојките што имаат такви усни често се бунтовни, независни и без никаков проблем кокетираат со мажите. Тие се доста љубопитни и лесно стекнуваат пријателства и добри се за секаков вид забава.

  1. Усни со спуштени агли

Ако може да се суди по усните, овие девојки се мирни, повлечени и мистериозни. Не се отвараат лесно пред луѓето, но еднаш кога ќе ги освоите тие ќе ве забавуваат постојано со нивната оригинална смисла за хумор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.