Што имаат заедничко Марадона, Нејмар и Ширер?

После овие бруталности, заслужуваат барем одмор и освежување

Марадона беше играчот кој најмногу беше фаулиран на три светски првенства, Нејмар мина неверојатни 14 минути на земја во Русија во 2018 година, а одличниот Алан Ширер доби дури 11 удари на еден натпревар во 1998 година. Фаулот често е единствениот начин да се запрат најдобрите играчи. Токму затоа редовно ги гледаме најскапите фудбалери како лежат на тревникот во текот на играта и бараат од судиите да ги заострат критериумите.

За време на светското првенство во Мексико во 1986 година, Диего Армандо Марадона учествувал  дури во 10 од 14 гола за својата репрезентација, дали како стрелец дали како асистент. Воедно, на патот до титулата светски првак  претрпел дури 53 прекршоци, што е 7,6 по натпревар, односно по еден на секои 12 минути, и никој до сега се нема ни доближено до овој рекорд. Покрај тоа, на светското првенство во Италија 1990 година, против него биле направени вкупно 50 прекршоци. Сличен просек постигнал во Шпанија во 1982 година, кога на пет настапи бил на земја дури 36 пати, односно нешто повеќе од седум пати по натпревар.

На последното светско првенство, одиграно во Русија, на Нејмар во пет натпревари беа направени 26 прекршоци, што беше најмногу на целото првенство. На средбата со Швајцарија претрпе дури 10 прекршоци, повеќе од кој било играч после Алан Ширер, кој 20 години претходно беше фаулиран 11 пати од играчите на Тунис. Со таков третман, виситинско чудо е што Нејмар не заврши со повреда. А токму тоа се случи претходно, во Бразил 2014 година против Колумбија, во натпревар познат по својата бруталност со дури 54 направени фаули, што беше рекорд на првенството.

Кога фудбалските вештини и способности не му оставаат многу избор на противникот освен да ги запре најголемите мајстори на оваа игра со деструкции и фаули, тогаш овие гиганти, како и навивачите кои ги следат и уживаат во нивните потези, заслужуваат барем соодветното освежување и разладување.

Поради климата и високите температури во Катар, овогодинешното светско првенство за првпат ќе се одржи во текот на зимата. Меѓутоа, кога атмосферата и страстите на навивачите ќе достигнат точка на вриење, фрижидерите и замрзнувачите  од Gorenje се токму она што ќе му треба на секој љубител на фудбалот кој сака да ги следи натпреварите на омилената репрезентација во пријатната атмосфера во својот дом. Овие апарати се и официјални производи на FIFA World Cup Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.