Што кажува за вас вашата животна приказна?

Човечкиот мозок секое искуство го категоризира и го става во својот сопствен “роман”, но за сите е заедничко тоа што приказната станува поедноставна како што старееме и учиме да го цениме позитивното.

Филозофите велат дека приказните ги раскажуваме за да му дадеме на животот смисол, а психолозите додадаваат дека иако приказните не се основна потреба, нашиот мозок природно ги создава за да му ја даде структурата и смислата на животот. Приказните така не само што го креираат животот, туку исто така обезбедуваат увид во личноста на нараторот, пишува Хафингтон Пост.

Ниту еден животен пат не е ист, па така и животните приказни се различни, а откривањето на слоевите на приказните помага да се разбере како се градела индивидуалноста на личноста, односно од која причина стануваме такви какви што сме, вели Ден МекАдамс, професор по психологија на Американскиот универзитет Northwestern, кој 30 години се занимава со проучувањето на животните приказни на луѓето. Тој објаснува дека постојат шест принципи на наративна психологија кои нѝ помагаат подобро да ги разбереме деловите од животната приказна.

Приказната која постојано се развива и станува попозитивна како што старееме

Децата на возраст од пет години се способни да смислуваат приказни, но дури во адолесценцијата во приказната влегуваат релевантни елементи и прашања како што се “кој сум јас”, “каде да одам” и “што сакам”. Тие играат важна улога во мотивирањето на развојот на поединецот. Во 20-тите и 30-тите години од животот приказната станува покомплицирана, со повеќе ликови, теми и конфликти. Сепак, ова низа се прекинува во 40-тите години, во време кога животната приказна повторно се поедноставува. Така, средната возраст станува симбол на помирувањето со себеси, но, и поголема среќа и задоволство. Како општ тренд, животните приказни стануваат попозитивни со текот на времето, лошите работи полесно се забораваат, а фокусот се става на доброто.

Моменталните емоции ѝ даваат рамка на приказната

Психолозите тврдат дека нашата перцепција, генерално земено, не е објективна. Во превод, го гледаме она што сакаме да го видиме, а со тоа управуваат емоциите, кои имаат големо влијание на тоа како го доживуваме нашето минато и замислуваме иднината. Секој кој поминува низ депресивен период, на пример, по големото разочарување во љубовта или смртта на блискиот, често ќе го облагороди и разубави со минатото и ќе ја оцрни иднината.

– Така нашите животни приказни се подложени на постојана ревизија, на сличен начин на кој историчарите ја согледуваат историјата. Само што временски доволно ќе се оддалечиме, објективно можеме да го погледнеме животот – вели МекАдамс.

Животните приказни имаат структура на роман

Луѓето ја имаат способноста за епизодна меморија, според која можат да се сетат на сценариото од минатото со почеток, средина и крај. Благодарение на таа способност можеме да ја замислиме и иднината на таа приказна иако приказната уште не се случила. Тоа е епизодно сеќавање на природната форма на меморијата, бидејќи мозокот со неа дава структурата и полесно “ги реди” спомените, објаснува МекАдамс.

Затоа, својот живот го гледаме како хронолошки редослед на настаните кои се поделени во поглавја во однос на најважните настани и пресвртници – образование, миграција, работа, љубов, брак, деца и затоа животот навистина може да се прераскаже како роман.

Приказните на успешните секогаш го содржат мотивот на оправдување

McAdams и неговиот тим ги испитале животните приказни на волонтерите во нивните 30-ти и 40-ти години од животот. Од оние кои себе се процениле како грижни, продуктивни и посветени, па и подготвени да воведат позитивни промени во својот живот, сите нив ги поврзуав оправдување.

– Оправдувањето се случува откако нешто во приказната ќе тргне наопаку, без разлика дали тоа е неуспех или загуба. Тогаш се јавува и мотивот за лекциите што ги научиле и промената на обрасците на нивното однесување за да истата ситуација не се случи повторно.

Верувањето дека одредена количина на страдања е потребна за разбирање и учење од грешките, движечка сила е на промените, води кон позитивно размислување и тајната на успешните луѓе, смета МекАдамс. Затоа во животните приказни на среќните и успешните луѓе темата на оправдување се јавува почесто отколку кај оние незадоволните.

Приказната ја диктираат културните и општествените норми

Нашите животни приказни не се јавуваат во вакуум, туку се одредени со чувството на припадност кон одредено друштво и неговите верувања. Често пати во животот постапуваме во согласност со нашите сопствени очекувања, а ретки се луѓето кои се чувствуваат добро спротивставувајќи им се на баш сите норми на општеството, објаснува МекАдамс. Чувството на припадност е една од основите на човековото општество, а изолацијатаод него создава осамени приказни.

Секој може да ја преземе контролата над својата приказна

Иако животните приказни се одредени со особеноста и општеството, поединецот сепак има голем степен на контрола во која насока сторијата ќе оди. Без оглед на тоа дали станува збор за секојдневните настани или спроведувањето на животните одлуки, секој ден е нова страница на приказната.

Така, позитивните активности и размислувањата секогаш ја поправаат и најтажната приказна, а негативните ја расипуваат онаа која се чини совршена, вели МекАдамс.