Што крие мистериозното УСБ на Љупчо Палевски?!

Пред четири месеци политички активниот македонски бизнисмен Љупчо Палевски беше задржан на белградскиот аеродром од каде што сакал да отпатува во Москва, а причината за апсењето е потерница од Хрватска која е издадена поради стопански спор кој неговата компанија од Задар го водела со партнери. Меѓутоа, според Инфомакс молкот за притворот на Палевски потекнува од содржината на носач на информации кој го поседувал.

Затоа што веќе неколку години Палевски не е во Хрватска, тој не се појавувал на суд во овој граѓански спор, по што била издадена потерница за да се обезбеди негово присуство на суд, што значи дека тој се наоѓа во екстрадиционен притвор.

Меѓутоа, по цели четири месеци српските власти немаат донесено одлука дали Палевски ќе го испорачаат на Хрватска, ќе го вратат во Македонија или ќе му дозволат да го продолжи своето патување кон Москва, пишува во средата порталот Инфомакс.

Во текстот се наведува дека веќе три месеца од Инфомакс се обидуваат да добијат одговор од некоја надлежна институција во врска со апсењето и приведувањето на  Палевски на белградскиот аеродром, а притоа досега не добиле одговори ниту од македонската амбасада во срспката претстолнина, ниту од министерството за надворешни работи. Не само што нема одговор од македонските државни институции, се посочува во написто, изостануваат одговори ниту од српските институции.

Српското министерство за надворешни работи се повикува на колегите од српското минситерство за внатрешни работи, од каде побарале прашањата да се испратат на електронска пошта. Инфомакс ги испратил прашањата пред еден месец, а одговор сѐ уште не добиле. Врз основа на ова се логично е да се постави прашањето зошто се крие и е толку тајновито приведувањето на Љупчо Палевски?

Од информациите со кои располага Инфомакс спорно е едно УСБ на кое постои снимена комуникација во која се спомнува и името на Зоран Заев. И таа комуникација длабоко го инкриминира премиерот но и некои високи полициски функционери од претходната власт. Така, Палевски речиси исчзнува, познато е дека е во екстрадициски притвор, но нема ниту една друга информација, па ни за тоа како и за што е приведен.

За овие информации побарале одговор и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој одговорил на прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, дали се точни шпекулациите и информациите поврзани со притворувањето на Љупчо Палевски.

Според Мицкоски спорното УСБ кое е поврзано со притворањето на Палевски се наоѓа во обвинителството и е заведено под број НСКРО 74/17 и ако е точно дека она што го слушнал тој, тогаш тоа е катастрофално. Но она што е уште поинтересно е начинот на кој што УСБ-то дошло во рацете на Русковска, односно тоа стикче било пронајдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот „Рекет 1“

Прашање: На господинот Љупчо Палевски веќе 4 месеци не му се слушнало ни трага ни глас еве ние бараме одговори од српските органи никој ништо не кажува она што се шпекулира во јавноста е дека кај него постои некаков, некое УСБ на коешто има некои инкриминирачки материјали за господинот Заев и некои други политичари, сте побарале ли вие некакви одговори каде е Палевски дали е здрав и жив, дали е точно она што се шпекулира во јавноста?

Одговор: Истото што вие сега ме прашувате истото и јас сум го слушнал. Дека постојат некаков вид такви материјали сум слушнал и се шпекулира во јавноста дека постои некое такво УСБ стикче коешто во судските, односно во обвинителството е заведено под број НСКРО 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со коишто можеби треба да се позанимава македонската јавност, но сево ова е на ниво на шпекулации. јас немам потврдени информации за ова коешто вие ме прашувате и за она коешто јас го слушам. но навистина ако ова е точно тогаш е катастрофално, дури и го повикувам обвинителството дури и до таму се оди во тие шпекулации дека тоа стикче било најдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот рекет 1, и дека се наоѓа во обвинителството така што ако ова е вистина коешто вие ме прашувате а јас исто така го слушам на ниво на шпекулации тогаш навистина ќе биде уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се тие денеска реформирани од како што велеше порано Зоран Заев од Сваровски во Луј Витон правосудство.