Што ме научи 2019?

Ништо, ама баш ништо? Останав луд и се надевам дека и натаму ќе бидам.

Стареам и не го разбирам новото време. Не дека не го согледувам, но органски ми е алергијата кон новите новокомпоновани и неетички појави. Цел живот бев учипен за постојан, макар минимален подвиг, одење напред, а живеам во време кога регресот се слави како прогрес. Ако пред 30 години со стопроцентна сигурност можев да препознаам проститутка, да знаеш на која треба да и пријдеш и да прашаш „колку“, денес навистина не знам како ги препознавате, вие, корисниците на услуги. У мое време ги нарекуваа курви, денес се водителки, инфлуенсерки, спонзоруши, старлети, културно уметнички работнички …

Не можам да се санајдам во свет во кој кога говориме за Висока Верност HiFi при репордукција на звукот која за мене беше и остана религија, саунд барот под 55-инчниот е вауу ефект, какви џибиел, какви инфинити. Звучките рокаат на мобилниот и ти вика, не е лош албумот, добро звучи? А, ти се крстиш ко да си го видел „риперот“ додека цел свет ми се смее. Како да им објаснам дека сум со кодиран со Мишн Сајрус, Инфинити, со лапмаши, дека музика слушам на ЦД и винил со глава Ортофон Ред…

Ај, престручна е аналогијава, да го спуштам нивото за да не звучам техноилошки арогантен.

Што да кажам за светот 2019, каде Карадшијан се се уште влијателност, каде Ким, лик кој никогаш ништо не направил ниту сработел било што во животот, е следен и ценет, висхутван ем обожаван, ма не е важно да ли е,  важно редовно е ударна вест, која славата ја стекна со видео каде рајарениот црн бик проба “капалкиката” да ја разбувта… но, бакет фор месју… сивупле… и ден денес тоа и е намбр уан – достигнување.

Знаете ли една добра орспија која лошо си поминала во животот? Знаете ли барем едно добро, скромно девојче или жена која добро поминала?

Овој свет не сака чесни, овој свет сака перверзија, сака вештачки гради-силикони, дебели задници и напупени усни. Не сака квалитет, сака искривена предимензионирана слика која инспирира постојана и континуирна онанија. Колку поголеми атрибути, дотолку повеќе ниско интелектуални мажјаци повозбудени. Се разведувааат оти не сакаат опит на љубовта за која мислат дека е само ерекција и ејакулација. Никогаш нема да прифатат страдање, болка, нешто што е суштествено  на љубовта. Страста е перверзно извитоперена! Дали знаете дека зборот pаssion- пасија, страст, во превод значи страдање? Не, како ќе знаете, зошто да знаете, вам ви требаат, вие сакате само брзи пари, цицлести и глупи жени, набилдани пуни со пари мажјаци без да ви е гајле на каков начин е стекнато – важно да има! Инстант секс, инстант брак, инстант забава, инстант религија, без труд, мака, опит и не е важно на каков начин да се постигне!

Сега таа популација, која е бројна, најбројна, која полека ги губи сите критериуми и се што било во статутот на Содома и Гомора за нив денес е слобода и право на избор!?!? Денес кога секое страдање е поистоиветено со негатива, мака е непожелна опција, целта е „да имаш“ на било кој начин. И денес Боки и покрај целиот рекет, е почитуван, од сите оние кои и дотогаш си го почитуваа, никој не го презира од неговите, што бил аморален и што правел криминал, не!

И после политичарите ни се виновни? Сакаме моралност и чесност од нив, а држиме отворена страна на порнхаб на мобилниот? Дволичност е благ збор за нас, ни сме легион од ликови.

И што да очекувам од таков свет во наредната година? Знаете што, она сосема спротивно.

Како што Нео во Матрикс беше аномалија која се самосоздаде за да го врати балансот, исто како и универзалните закони на приодата, законите за ентропија, така и во општеството, ќе се искликне сама од себе, од искривениот свет на неизживеани, нова, млада генерација на самспонзаени и со интуитивен морал. Ќе го препознаат во себе, како инпринт во нивниот код, како сеќавање на вечноста. Таквите, неколкумина такви, ќе бидат утеха во овој свет кој неминовно си ги испишува последните страници, кога ќе дојде времето за пасха, премин и промена, која сакале или не ќе се случи, па макар биле и најпасивни до невозможност.

Се она екстремно, како плима, мора да се повлече пред осеката, линијата на биоритамот на општеството. Колку е поекстремно дебалансирањето – толку ќе биде посилно враќаето во нормала, но и таа нема да биде онака како што ја знаеме. Таа ќе биде со нови атрибути, на изменети сосотојби на умот, а ние како генерација, нема да можеме да ги препознаеме, затоа што менливоста е атрибутот на еволуцијата создавајќи нови сосотојби за постојана промена, кон подобро, која за жал може да се случи само ако дојде состојба на полошо.

Ќе има промени, промени доаѓаат, сакале или не, подобри или полоши! Затоа сум спокоен, затоа спијам подолго, затоа сум посмирен … го чекам воскресението и животот во идниот век, амин!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес