Што ММФ бара од Вучиќ?

ММФ бара од српската влада за 10 отсто да го намали фондот за плати во јавниот сектор и пензии, дознава Блиц.

Нив не ги интересира колку поединечно ќе бидат намалени платите, односно пензиите, туку да се намали масата на пари, им посочи на премиерот Александар Вучиќ и на неговите соработници, претставникот на ММФ во Србија, Денг Кинг, при овонеделниот состанок.

Претставникот на ММФ вчера не сакал официјално да ги коментира овие сознанија.

„Барањата на ММФ се поврзани едни со други и со нив се бара сериозно штедење. Првата задача во преговорите меѓу ММФ и Владата ќе биде стабилизација и намалување на јавниот долг во следните три години и од Србија се бара начинот на штедење да се реализира. Проблемот е системски, бидејќи Србија веќе неколку години троши дури 15 до 20 отсто повеќе средства од тоа што прибира. Намалувањето на заработувачката во јавниот сектор за 10 отсто би можело да го намали дефицитот за околу 540 милиони евра. Доколку ова се примени од октомври, дефицитот на државата за 2014 година би бил понизок за околу 130 милиони евра“, тврди за Блиц, близок човек во преговорите меѓу ММФ и Владата.

На Владата останува да одлучи, дали ќе ги намали платите во јавниот сектор или товарот ќе се подели меѓу подоброплатените пензионери и вработени.

Според моменталните проценки, до 2017 година потребно е да се намали минусот на државната сума за помалку од милијарда евра, односно околу 3 отсто на БДП.

ММФ, тврди соговорникот на Блиц, не инсистира на ниедна конкретна мерка, но не се гледа како, во следните три години може да се избегне кризата на јавниот долг ако државата годишно троши околу 11 отсто од се што се произведува на плата во јавнот сектор, а 14 отсто од пензиите.

„Мал допринос во намалувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг може следната година да допринесат мерките кои се планирани за да се среди состојбата во функционирањето на јавните претприемачи и намалувањето на сивата економија. Но, единствено сигурна и голема заштеда е, за жал, намалувањето на платите во јавниот сектор и пензиите“, вели Владимир Вучковиќ, член на Фискалниот совет.

Професорот Стојан Стаменковиќ, тврди дека ММФ ги интересира само како да се дојде до стабилизација на јавниот долг.

„Не е неопходно да се намалува масата на заработувачката и пензиите, но, само под услов државата да е подготвена да се откаже од загубарите како што е Железарница Смедерево. А за тоа тешко дека ќе се постигне согласност. Она што може да биде важна заштеда во следниот период е рефинансирање на делот на долгот кој државата го има. При сегашните услови ќе се дојде до ситуација државните резерви за три години да паднат за две милијарди евра“, вели професор Стаменковиќ.

Три столба на штедење

2014- Намалување на платата во јавниот сектор и пензиите за 10-15 отсто- од 530 до 800 милиони евра

2015- Сузбивање на сивата економија- 170 милиони евра

2016/17- Усвојување на пензиските реформи, промена на Законот за работа- 300-400 милиони евра

Ефектите од доведување во ред на јавните и државни фирми- 400-500 милиони евра