Што откриваат „Pandora Papers“ и до каде ќе досегнат

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) со седиште во Вашингтон, меѓу другите финансиран и од фондацијата на американскиот берзански шпекулант и милијардер Џорџ Сорос, ги објави ткн „Пандора документи“ коишто откриваат дека светски лидери, компани и славни личности од спортот и шоу-бизнисот се поврзани на некои начини со офшор шеми за прикривање на капиталот или избегнување плаќање даноци.

Истрагата во која учествувале околу 600 новинари од 117 земји добила 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услиги, разоткрила повеќе од 29.000 офшор компани.

Во објавата за јавноста, се наведува дека документите пдаваат информаии за повеќе од 130 милијарди од 45 земји, од кои 45 се од Русија. Од организацијата истакнуваат дека документие се однесуваат на повеќе од 330 политичари и високи функционери во повеќе од 90 земји во светот, вклучително и челници на 35 држави.

„Досието вклучува амбасадори, градоначалници и министри, советници на претседатели, генерали и шефови на централни банки“, се наведува во објавата и се додава дека во ICIJ добиле „2,94 терабајти доверливи информаци“ од 14 компании за финансиски услуги ширум светот кои работат во офшор зоните.

Како што тврди Центарот за истражување корупции и организиран криминал (The Organized Crime and Corruption Reporting Project, OCCRP), истражувањето опфатило повеќе од 35 сегашни и поранешни челници во целиот свет, како и 400 функционери од околу сто земји кои основале 1.000 компании, од кои повеќе од две третини на британските Девствени острови.

Според овие документи, јорданскиот крал Абдула Втори основал најмалку 30 такви компании во даночните оази и преку нив купил 14 луксузни недвижнини во САД и Велика Британија за повеќе од 106 милиони долари.

Чешкиот премиер Милан Бабиш вложил 22 милиони долари во компании кои служеле за финансирање на купувањето на дворедцо Биго на југот на Франција.

Еквадорскикиот претседател Гилермо Ласо вложил средства во два траста чие седиште се наоѓа во Јужна Дакота. Споменати се и колумбиската пејачка Шакира, поранешната германска манекенка Клаудија Шифер и индискиот играч на крикет Сачин Тендулкар.

Се спомеува и сегашниот претседателот на Украина, Владимиер Зеленски, кому му се припишува купување елитна недвижност во Лондон преку компании на Девствените острови, Кипар и Белизе. Во слични активности се споменува и името на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Дикументите покажуваат и дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра избегнувајќи да платат данок на недвижнини кога кубиле биро во Лондон, така што ја купиле офшор компанијата која била сопственик на зградата.

Се појавуваат и имињата на поранешниот министер и некогашен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан, Докиментите повторни го поврзуваат нејасно и преку трети лица рускиот претседател Владимир Путин со недвижнини во Монако.

И црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е меѓу шефовите на држави и влади, милијардерите, но и светските музички ѕвезди, кои криеле милиони средства на тајни офшор сметки во даночните раеви. Мило и синот Блажо Ѓукановиќ во 2012 година склучиле тајни договори за управување со нивниот имот криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзнаи компании од Велика Британија, Швајцарија, Британски Девствени Острови, Панама и Гибралтар, објавено е на сајтот Мрежа за афирмација на невладиниот сектор – МАНС. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористи таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

Минатата година починатиот обвинуван за репресија против опизицијата и закорупција премиер на Бахреин и чичко на сегашниот крал Калифа бен Салман Ал Калифа, според овие документи преку „формираната во 1996 година на Британските Девствени острови компанија Minto Assets Corp со актива од 60 милиони долари, поседувала недвижности во Швајцарија и Германија“. Притоа, као што следувало од рачни дипишаниот текст кон дументот „тие средства буиле дел од сопственоста на кралското семејство“.

Во најголем број од земјите тие постапки не може да се процесуираат, но ICIJ ги прокажува политичарите спореувајќи ги нивните говори против корупцијата и нивните вложување во ткн даночни раеви.

Така, се наведува дека кенискиот претседател Ухуру Кенијата повеќепати изјавувал дека е подготвен да се бори проти корупцијата и ги обврзал државните фунцкионери на транспарентнот во врска со нивните имотни состојби. Но Pandora Papers откриваат дека тој поседува фоднација во Панама, а неколку членови од неговото семејство имаат над 30 милиони долари на офшор сметки.

 

Што е ICIJ и како е формиран

Американскиот центар за јавен интергитет во 1997 година го формира Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), кој станува независен ентитет во 2017 година. Се преставува како меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји.

ICIJ стана познат во април 2016 година по објавувањето на „Panama Papers“, истрага врз основа на околу 11,5 милиони документи протечени од вработен инсајдер во панамската офшор компанија „Mossack Fonseca“ кој ги доставил до медиумите. Тогаш беа откриени скриени сопственоста на илјадници клиенти на компанијата, меѓу кои и некои славни лица.

Во ноември 2017 година ICIJ ги објави „Paradise Papers“, кои се темелеа на нова серија документи од друга финајсите компанија „Appleby“. Меѓу познатите имиња од таа истрага за активности за прикривање имот и избегнување на даноците беа британскиот принц Чарлс, шампиониот во Форма 1, Британецот Луис Хамилтон и компанијата „Nike“.

Во неделата вечерта објавениот извештај е најновио во низата доверливи документи кои протекуваа во последните седум години, по „FinCen Files“, „Paradise Papers“, „Panama Papers“ и „LuxLeaks“, но кои многу малку доведоа до конкретни докази или до последици за лицата кои беа посочени во сомнителните зделки. Впрочем, и тогашниот американски претседател Барак Обама оцени дека станува збор за „неморални, но не и нелегални“ активности, секако ако се исклучи потеклото на сопственоста.

На пример, во случајот на „Panama Papers“, исто така, водена од ICIJ беше прекинато објавувањето на документите, по јавувањето на сомневањето дека можеби документите се подметнати од разузнавачки служби кои сакале да се дојде до западни политичари, како што беше случајот со поранешниот британски премиер Тони Блер. Тогаш објавата доведе само до оставки на исланскиот премиер Сифмундур Давид Гунлаугсон и на пакистанскиот Наваз Шариф.