Што прави лице со „сомнителен кредибилитет“ во штабот на СДСМ во Арачиново?

„Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет, кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ, пренесува Телевизијата.

Ова е реакцијата на владејачката партија за емисијата „Клик Плус одаја“ во Арачиново во која Шаби Биљали, вели дека најголемата лага која им била ветена е вработување на 300 пилоти.

„КЛИКПЛУС ОДАЈА“ е емисија отворена за сите граѓани кои сакаат на ТВ21 да ги раскажат нивните проблеми. Им овозможува на дискриминираните граѓани јавно да зборуваат. На ист начин ги пренесовме маките на жителите на Арачиново, а претходно на Идризово и Визбегово. Воедно мора да потенцираме дека ТВ21 не поседува ресурси кои ги има СДСМ за да го верификува идентитетот на одредена личност и неговите податоци во реално време, во живо, надвор од своите телевизиски студија, во општина каде е гостин, пренесува ТВ 21 и додава:

„Од СДСМ тврдат дека за време на кампањата за претседателските избори Биљали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што според нив, дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини“.

Но, доколку пребарате малку на интернет, ќе се види дека истото лице, според фотографиите кои ги објавувал на неговиот фејсбук и според активностите е практично симпатизер на СДСМ. Не знаеме дали е член или активист, но според фотографиите, симпатизер да. Се поставува прашањето дали, посоченото лице е со сомнителен кредибилитет кога објавувало пропагандни вести за СДСМ и честитки за Заев кога станал премиер, или кога бил на централниот митинг пред влада. Но, главното прашање е што прави лице со сомнителен кредибилитет во штабот на СДСМ во Арачиново?

За потсетување, еве ја изјавата на Шаби Биљали во живо во емисијата „Клик Плус одаја“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.