Што правите бе, збудалевме!!!

Ај си викам ќе напишам оваа недела дневно политичка локумна, нешо ово-оно Бугарија, мафија, анархија, вакцинација, дератизација, импотенција и се’ она што иде во секојдневието ваше…ја како од бесмртните, ништо не ме тангира ни она британско лајно од сој кој не’ масакрира периодов.

Само ако ги набројам најпослендите афери, значи само по наслов, треба да ја завршам колумната.

Како да следиш олкав број на афери?

Ма лесно е не е проблем, новинарите и партиите затоа живеат и врљаат парички, одма секоја афера следува контраафера така што секоја скандал или случка дневно политичка е како дупла доза астра-зенека, ако сте помалд има да помодрите. Сега ви текиња?

А, зафрканцијава не е нешто коректна, општ хаос и расуло се дешава у секој сегмент. Јас да имам власт сега би ја сменил додавката на името Северна во Лудници и Железарници Македонија, пошто на сиот памет по последниот дуп(ачка) и тоа не чека. Оти Скопје како Берово, со вишак кулород, па малку цо2 и разни партиклс не е на одмет, да бидеме ко целиот мундо?

Туку како да се испроцесира се? Реков лесно, порталиве штанцаат секојдневно вести и скандали и рекации на истите како тарапана. Кликови пљуштат од сите страни. И?

Е тоа и јебе па растура, сопроштењем на софрата за мојот монголско-француски дијалект. Толку многу имаме информации-контраинформации што просто стануваат неупотребливи. За само една дестина од она што беше афера изминативе години земјава не смена на власт, географски терен ќе се сменеше, како од пад на метеор, нуклеарен напад и тотално Танос уништување … ко што гледаме ништо не фали?

Зошто?

Јавноста е свесна и бесна, незадоволна, несреќна, згора и ковидов си го прави своето но како да се канализира за да се направи позитивна промена? Како опозицијата не успева да направи преврат политички после сево ова? Па и англиска кралица сос Путин ќе паднеа, бре људи, да ова се што се исподешава кај нас само минатава година (еве Бокца нека е раат).

Ќе треба некој социолог чуј … социолог, ма обединети светски социлози и два автобуса неуропсихијатри овердозирани со зигмундфројдовска доктрина како и еден Јунг-ист (доволно е за баланс) да направат овде борд за надзор на популација. Еден нормален не остана! А, како да остане во ова варп-лудило?

Презаситеност

Нема жена која нема да ти збоктиса после некое време ако сте постојано заедно, што и да правите, како и вис-верса. Нема најубава храна, кола, луксуз, музика, уметност, мерак, уживање кое нема да ви дојде преку глава, затоа што репетитивноста и постојаноста е нешто што не убива. Разгалени комформисти тешко се носат со аскетскиот подвиг. Едно те исто, не само што е постојано туку е и се почесто! Ова е кинеска тротура, знаете, она, врзани сте и капка по капка на глава се додека не полудиш. Само финеси во насловите кои се однесуваат на разни теми не залажуваат на некаква промена, во суштина ние, народот губиме сила, фокус, гневот трае предолго, тортурата и мрцврењето стануваат се поинтезивни но најмногу од се неизвесноста- економска и здравствена.

Саканата ќе ја утешам со збор, дури и сама знае дека можеби не кажувам сикрено дека се ќе биде во ред но самиот обит дава малку оддушка во оваа шизофрено абнормално презаситување.

Ланецот на рекација е толку испокинат и просто ама никој не знае како да се делува радикално или спротивно од тоа?

Овој народ со сите маани е стоик, стваен во машина за мелење од сопствените луѓе кои во аргонацијата оти се по глава помилувани од некој странски фактор стануваат се посурови кон своите.

Џек Лондон да јаде бурек спрема она што преживеал просечен Македонец. Народе, држи се, има Господ, затоа не смеете да се грижите. Ќе биде онака како што треба да биде и накако поинаку но станете и делувајте, најдобро како знаете, е не чекајте никого, ни помош ни повик!