Што сѐ женското тело може да направи

Понекогаш жените заглавуваат околу прашањата за своето тело. Се фокусираат на работи коишто нивните тела не можат да ги направат, околу тоа како изгледаат и како всушност тие би сакале да изгледаат.

Во тој процес, се губи од поглед сето она што женското тело е способно да го направи. А тоа, верувајте е зачудувачки.

 

Жените живеат подолго

Последните истражувања на „Центарот за контрола и превенции на болести” од Америка велат дека жените живеат околу пет години подолго од мажите. Според научниците, ова се должи на фактот дека жените полесно можат да се научат да јадат поздраво, да вежбаат итн. Исто така, женските тела имаат вродена способност да бидат поотпорни на инфекциите и болестите.

 

Поразвиено сетило за мирис

Жените имаат поразвиено сетило за мирис, тврдат стручњаците. Таа способност се зголемува за време на овулацијата, веројатно поради зголеменото ниво на естроген. Во тој период, тие можат да откријат и сексуална намера од страна на мажите и тоа само ако ја помирисаат нивната пот.

 

Женскиот памет повеќе памети

Мозокот е најкомплексниот орган во човековото тело и сè поголем број студии укажуваат на тоа дека женскиот мозок може да запамети поголем број важни информации. 50-годишните жени се подобри во паметењето на групи зборови отколку нивните врсници мажите, а жените се подобри и при запомнувањето лица.

 

Жените имаат повеќекратни оргазми

Факт е дека жените се шампиони во постигнување на повеќе оргазми. Студиите тврдат дека некои жени се способни брзо да се вратат во фаза на оргазам и тоа само со сексуална стимулација. Поради тоа може да доживеат повеќе оргазми. Мажите мора да соберат сила после нивното задоволство, па затоа мора малку да почекаат до следното.

 

Женското тело создава храна

Повторно уште еден очигледен, но чудесен факт за да се игнорира: женското тело може да создава храна. И тоа не која било, туку супер храна. Мајчиното млеко и колострумот кој се лачи пред да се излачи млекото, е богато со хранливи материи и антитела кои го чуваат бебето од инфекции и болести и тоа во период од цела година.

 

Најголемото чудо – животот

Тоа сите го знаеме, но токму тоа е фантастично. Во женското тело може да расте и на крајот од него да се роди друго човечко битие. За тоа време, во телото на мајката се создава и сосема нов орган – плацента, која носи кислород и храна до бебето кое расте. Во тој период, во телото на жената се зголемува волуменот на крвта а и срцето работи со 15-50% зголемена активност.