Што се крие зад оставката на Дончев: Нова голема афера, најавено бегство или уцена на Заев?

Контроверзниот Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Како објаснување за оставката, тој навел „семејни и лични причини“. Тоа е веста на денот. Во изјави за некои медиуми, самиот Дончев ја потврдил веста. Владата ја „констатирала“ оставката. Без објаснување и без коментар,пишува порталот Плусинфо.мк и наведува неколку причини за неговата оствака.

Како прва прилина се споменува аферата „Диамед“, однсоно, рекетарска работа. Оваа афера лани во септември ја отвори порталот Плусинфо како „Рекет 2“.

Всушност  станува збор за документиран обид на здравствените власти на чело со Ден Дончев и министерот Венко Филипче (вториов има улога не секундант), да ја спречат продажбата на македонската компанија „Диамед“, во сопственост на скопјанката Вера Иванова, на светски познатиот провајдер на услуги за дијализно болни пациенти, шведската компанија „Диаверум“. Аферата беше отворена со кривична пријава од Иванова за Филипче и за Дончев, за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик, поради обидот да се спречи влезот на странскиот инвеститор на македонскиот пазар на здравствени услуги.

Дончев се обиде да ја минимизира со прес-конференција, на која се обиде да се одбрани и да го оспори тендерот со кој во 2014 година правото да вршат услуги за дијализно болните пациенти го добија компаниите „Метрополитен“ („Диамед“) и „Орка Холдинг“ („Систина нефроплус“). Откако упорните Швеѓани сепак ќе ја купат компанијата „Диамед“, Дончев ќе изврши притисок и македонските органи на прогонот ќе ги замрзнат средствата од продажбата, верувајќи на приказната дека во позадината на наводно спорниот тендер стои лично Никола Груевски.

Новинарот Героски тврди дека има сериозни сознанија и документ во кој се изнесуваат наводи за рекетирање на поранешниот сопственик на „Диамед.

Се најавува и нова афера која се уште не е обелоденета во јавноста, при што деновиве доказите биле доставени до надлежните органи на прогонот. Така, поради ова Дончев бил многу сериозно лично засегнат. Покрај него се спомнуваат и највисоки функционери во власта, а и едно високо свештено лице од Синодот на МПЦ.

„До тој степен имињата на засегнатите со скандалот се звучни, што веројатно се проценило дека СДСМ оваа афера пред изборите нема да може да ја издржи. Поради тоа, а пред сѐ поради фактот што Обвинителството веќе го има жешкиот костен в раце, одлучено е да се пристапи кон операцијата „Минимизирање на штетите“. На Ден Дончев наводно му било сугерирано да се повлече од функцијата и по можност да исчезне од Македонија. Како да исчезне, па згора на тоа и во време на коронакриза? Да се повика на „лични и семејни причини“, кои, за волја на вистината, веројатно и постојат. Но, такви или слични лични и семејни причини имаат многу граѓани, кои сега мора да седат таму каде што се. Ама, ако е тоа решението, за Ден Дончев ќе се направел исклучок“, неведува овој портал.

Како заклучок авторот на текстот се наведува дека оставката на Дпнчев е добро пресметан и лукав потег на кадарот на Љубчо Георгиевски. Дончев со својата оставка упатува директна порака до Зоран Заев – друже, сега е време ти мене да ме браниш! Ако Дончев замине во Австралија, товарот на одбраната од скандалот секако ќе падне на плеќите на Заев. Ден Дончев ќе биде „исчезнат“, нема да дава изјави, ќе биде комотен. Ако Дончев остане во Македонија, можеби ќе биде принуден да дава изјави (пред обвинител, пред судија, во јавноста), а тоа може да биде и уште полошо. Во двете варијанти, Дончев со себе во скандалот ќе повлече други лица од државниот врв.

„Доказите се многу незгодни. Мислам дека овој потег на Дончев, всушност, е неговата закана, неговото подигање на влогот – паѓам јас, паѓате и вие ако не ме спасите!“, истакнува авторот