Што се случи со милијардите на Ходорковски?

Михаил Ходорковски некогаш беше најбогатиот човек во Русија со околу осум милијарди долари капитал, а по неговото вчерашно ослободуваање од затвор нејасно е колку од сето тоа останало, пишува денеска германскиот политички магазин „Шпигел“ потсетувајќи дека Русинот, кој до вчера беше најпознатиот политички затвореник во оваа земја, еднаш изјавил дека е рамнодушен кон јахти, палати и брилијанти.

„Ходорковски е слободен. Од неговиот некогашен имот во мулттимилијарди би можело да биде останато само малку“, наведува магазинот, кој што пишува дека пред 10 години имот на Ходорковски е проценет на осум милијарди долари и дека темпото на неговото издигање го одземал здивот – од 2001 година, кога на листата на најбогати луѓе во светот беше на 194 место, до 2003 година се искачил на 26 место.

„Според американскиот магазин ’Форбс’ во 2003 година Ходорковски му припаѓал на клубот на највлијателни милијардери во светот, бидејќи, наводно, успеал да му се спортивстави на ОПЕК и да ја одржи ниска цената на нафтата“, пишува „Шпигел“ наведувајќи дека Ходорковски е уапсен во зенитот од својата моќ.

Потсетувајќи на „блиц успехот“ на Ходорковски, весникот наведува дека имало времиња кога лидерите на руската економија својот имот „го инкасирале од другата страна на законот“.
Ходорковски во времето подоцна, се погрижил со својата агресивна бизнис политика за гигантско зголемување на вредноста, како што се вели, го создал „Јукос“, четвриот по големина во свет концерн за производство на нафта и гас.
„Во минатото се шпекулираше за тоа дали Ходорковски пред своето апсење успеал, со помош на британски адвокат, да заштити делови од својот капитал од пристап на руските власти. Колку е голем имотот на Ходорковски денес не е јасно. Голем дел од некогашната империја ’Јукос’ на лицитација е продаден на државниот енергетски концер ’Роснјефт’“, пишува „Шпигел“.