Што се случува со воздухот? Загаден е возухот среде лето во Скопје, Гостивар, Кичево, Битола

Во главниот град, вчера, во попладневните, но особено во вечерните часови, не можеше да се диши, ниту пак да се отвори прозорец.

Речиси во сите скопски населби, беше алармантна состојбата со загадениот воздух, а најстрашно беше во центарот на градот, особено на мерното место кај Ректоратот, каде во попладневните часови беа измерени 985 микрограми на метар кубен.

Слична е мапата и во повеќе градови низ земјава каде со црвена боја се обоени Велес, Тетово, Гостивар, Лазарополе, Струмица, Кичево и Битола.

 

 

 

 

 

 

 

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што започнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, како поради жешкото време, така и поради фактот дека еден дел од граѓаните се на одмор.