Што се случува во мозокот кога се прозеваме?

Научниците се обиделе да утврдат што се случува во нашиот мозок кога се прозеваме. Тим од Универзитетот во Нотингем дошол до сознание за тоа што се случува во делот од мозокот кој ги контролира моторичките функции.

Примарниот моторички кортекс при прозевањето има уддел како и кај Туретовиот синдром, па научниците сметаат дека заразното прозевање може полесно да се разбере врз основа на истражувањата на ова нарушување.

Заразното прозевање е облик на ехо-феномен – автоматска имитација на туѓите зборови или акции. Овој феномен се јавува и кај оние кои имаат Туретов синдром, вклучувајќи ги и епилепсијата и аутизмот.

За да дознаеме што се случува во мозокот, научниците надгледувале 36 луѓе кои гледале како други се прозеваат. На едната група и било кажано дека можат да се прозеваат ако почувствуваат потреба, додека од другите се барало да се воздржат од прозевање.

Нагонот за прозевање варирал од човек до човек, во зависност од тоа на кој начин функционира нивниот примарен моторички кортекс. Со помош на транскранијална магнетна стимулација било можно да се зголеми, ,,надразнувањето,, на моторичкиот кортекс, па според тоа и склоноста на луѓето за прозевање.

Професорката по когнитивна невропсихологија, Џорџина Џексон, која работела на студијата, рекла дека резултатите би можеле да имаат поширока примена.

– Кај Туретовиот синдром, кога би можеле да го контролираме надразнувањето, ќе можеме да влијаеме и на тиковите, што токму и го правиме.

Професорот Стивен Џексон, кој исто така работи на ова истражување, додал:

– Кога би можеле да разбереме како надрзнувањето води до нервни нарушувања, ќе можеме да ги преобратиме. Трагаме по третмани кои би можеле да бидат ефикасни кај дисбаланс во мозочните мрежи.

Доктор Ендрју Галуп, кој ја истражувал поврзаноста помеѓу емпатијата и прозевањето, наведува дека транскранијалната магнетна симулација претставува нов пристап во проучувањето на заразното прозевање.

– Се уште знаеме многу малку за тоа зошто се прозеваме. Разни студии пронашле поврзаност помеѓу емпатијата и заразното прозевање, а тие истражување се многу противречни. Информациите со коишто моментално располагаме можеби се доказ дека таквата врска не постои.