Што скрои Обама со новиот буџет на САД?

Американскиот претседател, Барак Обама, во рамки на предлог владиниот буџет за фискалната 2015-та година, повторно побара даночни олеснувања за сиромашните и семејствата од средната класа.

Изнесувајќи ги своите видувања на владината потрошувачка за следната година, која што е проценета на околу 4.000 милијарди долари, Обама побара поголеми даночно олеснувања за семејствата со мали деца, но и дополнителни олеснувања за повеќе од 13 милиони работници кои немаат деца.

Обама рекол дека неговиот предлог буџет за 2015-та година е одраз на настојувањата да се позанимава со нееднаквоста во примањата и огромен диспратитет меѓу најбогатите и најсиромашните Американци.

Претседателот на САД предложи намалувањето на даноците на оние кои плаќаат за факултет да биде постојано. Во предлог буџетот, Обама побара 56 милијарди долари нова потрошувачка, која би требало да се распореди меѓу војската и внатрешните програми.

Американскиот претседател предложил укинување на неколку даночни олеснувања кои одат во корист на најбогатите Американци.

Предлозите кои се однесуваат на потрошувачката најверојатно ќе наидат на голем отпор на републиканските законодавци во Конгресот, кои често бараат намалување на владината потрошувачка и намалување на даноците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.