Што ти направија Скопје мое!

Се прашувам веќе подолго време дали воопшто вреди трудот да пишувам и дали стварно треба да пишуваме сите ние за некого да го опоменете, опаметите, описмените или охрабрите да го дигне својот глас, што би рекол чувениот Боб Марли  “Get up, stand up, Stand up for your right”. Е ама сепак нешто во мене гори, тлее и ме тера еве некоја случка да те потикне да го дигнеш својот глас и вербално, а и у пракса да го искажеш својот бунт.

Деновиве читав сторија како влијателното светско медиумско чудо „Forbes”, градот мој мил Скопје го препорачува меѓу 50-те најпосакувани дестинации за годинава. Замислете каква промоција и препорака е тоа за Скопје и државата како туристичка дестинација. Па така магазинот ги фали кафаните во Дебар Маало поради автентичната храна која тие ја служат заедно со живата музика, а се спомнува и кањонот Матка кој според нив не смее да се пропушти. Се вели и дека може да ја посетите статуата на Александар Велики, да се качите на жичара или едноставно да се прошетате за да го искусите градското живеење.

Браво за Форбс, сепак препорака од нив е е нешто што секој туристички работник и граѓанин на нашето мило Скопје ќе остане воодушевен. Значи Форбс ни го фали Скопје, она старото Скопје, Матка, старата чаршија, Дебар маало, ама и новото толку оспорувано Скопје 2014, статуата на Велики Александар, жичарницата (за мене е најдоброто нешто направено излетничко за скопјани) до крстот на врв Водно (кој едно време беше нем од темнина за жал).

Скопје има со што да се пофали веќе подолго време и приматот на најпосетувана дестинација во државата е токму моето Скопје. Охрид и охридското езеро полека го губи приматот и ќе го губи се повеќе и повеќе. Може Скопје по однос на ноќевања е далеку зад Охрид и регионот, бидејќи Скопје е административен-бизнис центар каде престојот на еден посетител е краток ден до два, а Охрид е сезонска дестинација каде престојот е од 4 до 6 дена просек. Но во теоријата и светската пракса, по однос на девизен прилив сепак поголем прилив се остварува од бизнис посетите, па после од стационарскиот туризам (најголем од казино туризмот, за оние неуките).

Меѓутоа ако мене ме прашувате Скопје во овој момент не го заслужува овој примат. Скопје веќе подолго време нема ниту Т од туризам. Освен неколку убави изградени хотели (кои бодат со цените како да сме светска метропола), градот нема ама буквално ништо останато од она што останатите градови во светот го имаат. Нема јавно ВЦ уште во центарот на градот, нема ниеден поголем паркин простор за автобус, од два Информатовни центри и 5 културни бутици кои ги отворивме на локации низ градот не работат ниеден замислете. Нема ниедна нова промотивна кампања, ниту промотивен материјал за градот, оние одамна поставени патокази и насоки за туристички центри се излитени или искршени. Ако ја отворите страницата на градот Скопје за туризмот, која ако ја пребарувате е таму некаде најдоле во едно аголче поставена како „туристички сајт“ замислете, и ако ја отворите едноставно ќе останете неми, само некои реклами за некои ресторани и толку од туризмот на градот.

Е ама за да биде уште пострашно се погрижија очигледно новата градоначалничка на градот со нејзините пулени урбанистички, кои некаде прочитав се пофалија дека конечно оној зачмен дел од центарот на градот, она наше чувено Маџир маало според новиот ГУП/ГЛУП ќе добиел 48 хотели и 50 нови згради!!! Јас се уште не можам да поверувам дали е ова точно мои читатели или некој се зафркава и со градоначалничката и со нас. Она „мало“ Маџир маало, кој патем нема канализациона мрежа да бидам попрецизен, едно патче кое едвај се разминува со коли, паркинг ј..еш не ни треба, зеленило ама што ќе ти е брее вардарец дува поред тука кејот нели, е тоа квартче ќе добило 50 згради замислете и 48 хотели (како само бројкиве ги најдоа и каде тоа ги сместија да ми е знати).

48 хотели, па знаете ли дека цело Скопје нема толку, а и што ќе ви се бе господа? Мислите дека Форбс ве сметил како препорака па ќе си играте голем град и туризам. Следниот пат Форбс кога ќе пише за Скопје, ќе биде претставен како град за урбанистички хаос и урбанистичка неренесанса, колку и да ја критикувавте онаа барокна и ренесанса експанзија која што ја гушкаа една група на како се нарекува „шарени револуционери“, со извинување јас другачије ги викам, за загадување да не збориме и така сме први во светот.

Каде се сега тие шарени да гугкнат да излезат да видат што остана од Скопје и ГТЦ кој не го даваа за жива глава. Да видат бродовите кои им сметаа како се сега рувло на мочалиште у сред центар, па затоа не ни треба јавно ВЦ, имаме брод ВЦ. Еј а палмите и врбите сиротите останаа искривени и исушени од времето заборавени. Како жицарницата работи само одредени денови зашто е скапа струјата де, а градот заради тоа е глув и нем од темнина и тишина на уништена младина и жители.

Давајте вие само дозволи за градба, само тоа и знаете, толку ви е теоријата и знаењето од сите тие странски „многу големи“ манџмент факултети. Полн џеб, празна каса. Порано велевме од „лев во десен џеб“ и обратно. И видите едно за право морам да им признаам на грците за името. Најдобриот предлог беше Република Македонија (Скопје). И онака ја опустошивме сиротата државичка. Емиграција село-град (Скопје читај само) на најјако пуштена.

А пазете сакаме да се споредувама со Љубљана, па Скопје ќе конкурирал за културен град на годината, поголема небулоза немам слушнато искрено. Знаете ли како се добива дозвола за градба во Љубљана? Немате појма зашто сте се затвориле во канцелариите со шифри и обезбедување и не излагате да го видите вашиот град колку ви е прљав не па Љубљана. Во Љубљана се издават годишно најмногу 5 дозволи, дада 5. И се конкура за нив на лицитација,па ко да више пара, негова че да буде и мара. Ама после за вас ќе нема е ќе нема во џебот, ама ќе има за градот. Ќе се радувам на денот кога ќе видам еден градоначалник во државата кој ќе си отиде со истиот џеб како што и дошол.

Што ти направија мое мило Скопје!

ПС. Јас обично се претставувам како специјалист за туристички развој, овој пат нека не ми замерат читателите што бев и специјалист за урбанистички развој. Иако искрено и вака сум многу подобар од некои урбанисти. И пак ќе го цитирам Боб Марли.

Get up, stand up, Stand up for your right мои скопјани.

Автор: Зоран Николовски, туризмолог, специјалист во туристички развој, и магистер по маркетинг и брендирање, за НетПрес