Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта

Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта, постави прашање во понеделникот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсетувајќи на неодамнешната изјава на обвинителката Вилма Русковка.

Како што оценува опозицискиот челник, токму изјавата на Русковска покажува дека е неопходен закон за независно обвинителство и претставува доказ за политизираноста на сегашното обвинителство.

„Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот.
Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта.
Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, “сосема случајно” бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да и веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде “вождот” немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира“, напиша Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува и на временскиот прериот кога е затворен случајот во кој централна фигура е поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ.

„Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Русковска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт. Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта… Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото“, заклучува Мицкоски,.