Штом зборите за душа, срце, рака на гради, знае народот дека лажете

Кога Заев зборува за душа, срце, рака на гради, веднаш народот знае дека Заев лаже. Зборувате за незаконско финансирање на претседателската кампања, па погледнете го извештајот од Државниот завод за ревизија, гледате ли нешто незаконско во финансирањето на кампањата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24.

Мицкоски го повика и првиот човек на Државна ревизија да каже дали има незаконско финансирање на кампањата за претседателските избори.

-Тој треба да каже дали има незаконитости или не, а не Заев кој кога зборува за душа, срце, рака на гради одма сите знаат дека лаже, рече Мицкоски.

Тој додаде дека има многу политичари како Заев кои се фатени со рацете во мед и то аво многу случаи, а не следеше ништо, никој не одговараше.

-Еве го Заев бараше евро за Вицето, евро за црквата па ништо нема од тоа, нема правна разврска, рече Мицкоски.