Штрајкот на СОНК ставен во мирување

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска на прес конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.