Штрајкoт во француската државна железница досега ја чинеше 400 милиони евра

Во интервју за париски  „Ле Монд“, новиот прв човел на СНЦФ-државната железница  Жан-Пјер Фаранду, изјави дека штрајкот на железничарите ја чинеше команијата 400 милиони евра и исто така тврди дека жали за одлуката на синдикатот  ЦФДТ да нема Божиќна пауза, јавува дописникот на МИА.

После 20 дена интензивен штрајк во СНЦФ, Жан-Пјер Фаранду во интервјуто за  „Ле Монд“.вели дека е пред сè оптимист.

-Нашата прогноза сугерира дека услугата за следниот викенд ќе се подобри во однос на услугата за изминатиот викенд. Сведоци сме на бавен, но постојан пад на стапката на штрајкувачи “, вели тој, потсетувајќи дека„ конфликтот не заврши “.

Засега, бројките ги потврдуваат неговите зборови. Вчера, 23 декември, помалку од половина од машиновозачите излегоа на штрајк, како помалку од 30% од контролорите и околу 10% од диспечерите. Бројките се многу пониски од оние на почетокот на мобилизацијата, минатиот 5 декември.

После околу три недели конфликт, човек на СНЦФ, исто така, ја утврдува привремената цена на штрајкот за компанијата. Според него, секој ден на штрајк приход од околу 20 милиони евра не влегува во касата на групата.

-Тоа е промет од 400 милиони евра што нема да биде постигнат во периодот на штрајк. Тоа „значителна“ бројка, и неизбежно ќе влијае на сметките за 2019 година, вели тој.

-Сè е сега на маса. За време на мојот прв месец на чело на СНЦФ, можев да видам дека социјалниот дијалог е малку оштетен, се брани тој. Тој тврди дека повторно се поврзал со посредните тела на компанијата (синдикатите).

Сепак, Жан-Пјер Фаранду рече дека жали за одлуката на ЦФДТ, која не го прифати неговиот повик за „Божиќно примирје“. Денес, според него, има два предмета што треба да се разјаснат со штрајкувачите. Прво, „прашањето за пресметување на висината на пензијата за околу 40% од железничките работници погодени од транзицијата“. Тој смета дека 50.000 агенти кои од една страна ќе добијат пензиски дел од нивниот посебен режим, а од друга страна дел новиот режим.

Втора точка за решавање: е онаа за возраста за пензионирање. Со новите одредби на реформата, тој продолжува, „скоро сме сигурни дека новата пресметка ќе даде резултат многу близу до старата, па дури и, за некои железнички работници, малку поповолна“.

Штрајкот во државната железница продолжува и понатаму.