Штутгарт ремизираше со Келн

Во првиот натпревар од петтото коло на германската Бундеслига, Штудгарт и Келн одиграа без победник со резултатот постигнат уште во првата третина од мечот 1:1.

Домашната екипа поведе уште во првата минута, поточно по само 23 секунди игра, со погодокот на Белгиецот Орел Мангала од 18 метри. Келн израмни во 23 минута од пеналот кој го реализираше Швеѓанецот Себастијанн Андерсон,

Штутгарт во првите пет кола собра осум бодови и во моментов е на четвртото место на табелата, додека Келн со само два бода е на 16-то место. Водечкиот РБ Лајпциг има 10 бодови од четири натпревари, а по девет бодови имаа Баерн и Борусија Дортмунд.

Во ова коло во сабота се среќаваат Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт, Мајнц – Борусија Менхенгладбах, РБ Лајпциг – Херта, Убион Берлин – Фрајбург и Борусија Дортмунд – Шалке 04.

Во недела на распоред се мечевите Волфсбург – Арминија и Вердер – Хофенхајм, а колото ќе го затворат Баер Леверкузен и Аугсбург.