Штутгарт убедливo на гостувањето во Дортмунд, Чурлинов влезе во финишот

Штутгарт ја забележа втората последователна победа на гостински терен, откако вечерва славеше против Борусија Дортмунд со убедливи 5:1 во 11. коло во Бундеслигата.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов влезе во игра во 88. минута, запишувајќи го својот петти настап сезонава во дресот на Штутгарт.

Резултати – 11 коло:

Борусија Менхенгладбах – Херта 1:1

Борусија Дортмунд – Штутгарт 1:5

Фрајбург – Арминија Билефилд 2:0

Мајнц – Келн 0:1

Лајпциг – Вердер Бремен 2:0.