Шумахер доби запаление на белите дробови

Поранешниот германски пилот во Форнула 1, Михаел Шумахер доби запаление на белите дробови во болницата во Гренобл, пренесува германски Билд. Ова според лекарите кај пациентите кои лежат на интензивна, поради ослабениот имунитет, може да доведе до откажување на органите.

„Запаление на бели дробови и онака е опасно и сериозно заболување, бидејќи телото добива помалку кислород и генерално е слабо. Кај пациентите на интензивна нега, слабее имуниот систем, па тоа може да предизвика откажување на органи и смрт“, објаснува професрот Хајнц Петер Меке.

Пред 14 дена докторите во Гренобл стартуваа со будењето на Германецот од вештачката кома, му беа укинати седативите, но се уште не е познато кои се последиците од воспалението на белите дробови.