Шумахер е во свесна состојба во париска болница

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, е во свесна состојба откако е промен во париската билница „Жорж Помпиду“ на одделот за кардиологија, но засега нема прецизни информации за неговата здравствена состојба, објави во средата дневниот весник Le Parisien во свеото го примија во болницата во Париз.

Во понеделникот медиумите дознаа за транспорот на Михаел Шумахер од Швајцарија во една од париските клиники, каде што ќе го третира 69-годишниот професор Филип Менаше.

Според изворите на парискиот весник, Шумахер веќе двапати бил примен во истата болница оваа пролет. Во најскоро време за негова рехабилитација ќе бидат применети „најновите методи на лекување“ кои ги развил професорот Менаше. Тој е еден од творците на методата на терапија со матични клетки за третман на срцевите слабости. Истовремени, Менаше е познат како специјалист за третмани на повреди на мозокот, како и човекот кој во 2014 година ја изврши првата трансплантација во светот на матични срцеви клетки кај жена којашто страдала од срцеви слабости.

Овој иновативен метод на на лечење е продолжение на борбата за заздравување на Михаел Шумахер од тешката несреќа која во декември 2015 година ја доживеа на скијање во Франција. Пилотот се здоби со повреди на галвата и со повеќе повреди на двете хемисфери на мозокот и хеморагија. Од септември 2014 година минува третман на рехабилитација во неговата вила во Швајцарија на брегот на Женевското езеро.

Во јуни 2014 година Шумахер беше изведен од кома и беше пренесен од реанимација на рехабилитација која се одвива во домашни услови. Оттогаш немаше официјални информации а здравствената состојба на седумкратниот светски шампион. Семејството на славниот автомобилист одлучи да не открива никави поедности за текот на закрепнувањето на Шумахер. Само роднините и најблиските пријатели можеа да го посетуваат, кои ја почитуваа волјата на семејството и не ги споделуваа инфроамциите за неговото здравје со јавноста.

Во декември 2015 година таблоидот Bunte на насловната страница објави наслов „Повеќе од Божикно чудо – Михаел Шумахер може да оди“. Од весникот тврдеа дека имале свои очевидци кои им кажале дека Шумахер може да се движи со помош на патерици и ја придвижувал раката.

Во медиумите периодично се појавуваат најразлични информации за состојбата на Шумахер, но тие никогаш не беа проследени со официјални потврди. Така, ланскиот декември британскиот Daily Mail објави дека возачот повеќе не пркован за креветот, дека е исклучен од системот за вештачки бели дробови и може самостојно да дише. Според весникот, интензивната нега и третманот применет врз Шумахер тогаш се проценувале на 50 илјади фунти седмично.

Кон крајот на јули годинава претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) и поранешен шеф на тимот на „Ферари“, Жан Тод, изјави дека Шумахер напредувал во обновата и оти тој го посетил во неговиот дом во Швајцарија каде што заедно следеле трка во Формула 1.

Шумахер има рекордни седум победи во Светските пренства во Формула 1 од кои пет се последователни. , победил на 91 трка а на славеничкиот подиум се искачил 155 пати, а има и 13 победи во една сезона.