Шампионот во Формула 1 Михаил Шумахер се разбудил од кома и ја напуштил болницата во Гренобл, изјави неговото семејство, пренесува Би-Би-Си. Четириесет и пет годишниот Германец ќе ја продолжи рехабилитацијата на непозната локација, се вели во соопштението испратено од семејството.
Шумахер се наоѓаше во вештачка кома од 29 декември по тешката несреќа која ја доживеа на скијање во Франција. Неговото семејство им се заблагодари на сите кои испратиле пораки за поддршка велејќи, „Сигурни сме дека тоа му помогна“.